Put your health first

Нека вашето здравје ви биде најважно

Закажете проверка на дојките

Што е проверка на дојките?

Проверката на дојките (мамограм) е рендгенска снимка на дојките. Со проверката на дојките може да се открие рак кој е многу мал за да може да се види или почуствува. Во денешно време, повеќе жени го преживуваат ракот на дојката благодарение на навременото откривање и подобреното лекување.

Дали сум изложена на ризик?

1 од секои 7 жени во Викторија заболуваат од рак на дојката во текот на нивниот живот.

 

family

Повеќето жени со рак на дојката немаат семејна историја на болеста.

 

50 plus

Стареењето е најголемиот фактор на ризик за заболување од рак на дојката.

 

Дали е потребно да направам проверка на дојките?

Навременото откривање на ракот спасува животи

Дали сте на возраст меѓу 50 и 74 години?

Треба да правите мамограм секои две години.

Дали сте на возраст во 40тите години или постари од 70 години?

Разговарајте со вашиот доктор дали е потребно да правите мамограм.

Дали сте помлади од 40 години?

Проверките на дојките не се ефикасни за жените кои се на возраст под 40 години.

Проверката на дојките

breastscreening is freeе бесплатна

Breast screening is provided by female radiographersја прават рендген-техничарки

 

Breast screening takes about 10 minutesтрае околу 10 минути

Breast screening is available at a clinic near you

можете да ја направите во клиника во ваша близина,

насекаде во Викторија

Breast screening doesn’t need a doctor’s referral за неа не е потребен упат од доктор

 

Запознајте ги вашите дојки

Запознајте се со нормалниот изглед и допир на вашите дојки. Отидете на доктор ако забележите било какви невообичаени промени.

Прашајте го вашиот доктор за ризикот на кој сте изложени да заболите од рак на дојките и дали е потребно да правите проверка.


Услуги од жени, за жени

Ако имате оштетен слух или говор, јавете се на TTY 13 36 77

Закажете преглед на breastscreen.org.au или јавете се на 13 20 50